Вчера екипи на Град Скопје ја поставуваа новогодишната елка на плоштадот Македонија, која деновиве треба да светне. Елката и оваа година нема да има сијалички, туку ќе биде дигитална и ќе се менуваат различни нијанси и бои.
Викендов започна и новогодишното украсување на градот.
Оваа година поради пандемијата со ковид, нема да се организира населбата Винтерленд, ниту пак дочек на Нова година на плоштад.
Јавноста бараше, парите за урасување да бидат наменети во здравството, за помош на кризата, но Шилегов не отстапи од тоа, градот да биде новогодишно украсен.

Инаку неодамна и ВМРО-ДПМНЕ пред објектот на Град Скопје, симболично му постави лампиони на кои стои вредноста од 200 илјади евра или 15 нови болнички возила колку што може да се купат со овие пари кои што Петре Шилегов планира сред пандемија и крајно животозагрожувачка состојба за скопјани да потроши за украсување на празните скопски улици.

-Ако му е до лампиони, еве му лампиони, и тоа необични и приближно верни на оригиналот на кој ја пишува и неговата омилена цифра 200 илјади евра, само и само да се откаже од лудото, неразумно трошење на народните пари, ова денеска преку прес-конференција го истакна Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ.






