Американецот Грант Фишер собори светски рекорд во трка на 5.000 метри во салата на Универзитетот Давид Хемери Валентин во Бостон.
Тој со време од 12:44,09 минути го поправи резултатот кој беше најдобар уште од 2004. година, кога Кененис Бекеле го истрча истото растојание за 12:49,60 минути.
Второто место го освои Џими Греси со 12:54,92, поправајќи го европскиот рекорд во сала кој претходно го држеше шпанецот Алберто Гарсија.
Фишер пред само недела дена постави светски рекорд на 3.000 метри, исто така во затворен простор на Милроуз игрите во Њујорк.
Тој е сопственик на бронза на 5.000 и 10.000 метри од Олимписките игри во Париз.







