Бугарија направи многубројни компромиси со РС Македонија – самата битка за тоа Македонците „да признаат дека до 44-та биле Бугари“ е компромис сама по себе – пишува бугарскиот новинар Николај Облаков, како одговор на отворената поддршка за Македонија што ја изрази Цветан Цветанов – поранешен потпретседател на ГЕРБ, партијата на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, и вицепремиер и министер за внатрешни работи во првата влата на Борисов, а сега лидер на партијата Републиканци за Бугарија.
„Германското претседателство на Советот на ЕУ, државите членки и САД го поддржуваат почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата. Некои држави на Исток и сили во Северна Македонија и Бугарија работат против тој голем чекор на нашата сосетка на нејзиниот евро-атлантски пат. Каде се позиционира бугарската влада и Бугарија во таа геополитичка и концептуална матрица? Работиме ли во интерес на демократијата и просперитетот во регионот или токму обратното? Ние од Републиканци за Бугарија изразуваме полна поддршка за напорите на нашите пријатели и соседи од Северна Македонија за нивната евро-атлантска интеграција“, напиша Цветанов на Фејсбук.
https://www.facebook.com/576428955807280/posts/3406531432797004/






