Вјолца Бајрами, вработена во службите во Собранието, во јавен пост на ФБ му го честита роденденот на нејзиниот брат, бегалецот од правдата и ексдиректор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами.
„Среќен роденден на мојата сродна душа.
Ти си гордоста на семејството, се ќе се заврши како твојата чиста душа.
На повидок е крајот на оваа политика.
Остани силен и смирен, те чува Господ заради добрите дела што ги имаш направено. Ние и Господ знаеме на колку семејства си помогнал.
Те сака твојата сестра и многу сум горда на тебе.
Следниот роденден ќе го прославиме заедно, напиша таа на фејсбук.
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра.







