Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска имаше чест да пречека група талентирани ученици од основните училишта во општината, кои освоија прво, второ и трето место на општинскиот натпревар по математика. Овие ученици се дел од вкупно 48 ученици кои ќе го претставуваат Чаир на регионалниот натпревар што ќе се одржи на 15 март, каде што ќе се натпреваруваат со ученици од Општина Бутел и Чучер Сандево.

Ганиу им честиташе на учениците за нивниот успех и ги охрабри да продолжат со труд и самодоверба. Тој истакна дека Општина Чаир секогаш ќе биде нивна поддршка во образованието и ќе вложува во нивниот развој.

„Нивното знаење и успех се наша гордост, и ние ќе продолжиме да инвестираме во образованието и во иднината на нашите деца,“ истакна Ганиу, додавајќи дека општината ќе продолжи да создава услови за напредок на младите таленти.
Градоначалникот им посака многу успех на учениците во наредните натпревари, нагласувајќи дека тие се светол пример за иднината на Чаир.






