10 февруари 2025 година, Ејџекс, Канада – Во големата сала на Македонската православна црковна општина “Света Недела” во Ејџекс вечерва се одржа Македонска донаторска вечер на која се собираа средства за македонскиот манастир “Света Марена” во Туминец, областа Мала Преспа, Албанија.

Вечерта беше прекрасна со добро расположени Македонци кои со македонско мени имаа убава забава со македонски народни песни и ора во изведба на Крис Димовски, Душко Петкоски и диџеј Ане.

Македонците поминаа незаборавна вечер, а со својата солидарност и хуманизам помогнаа да се зачува драгоцен дел од македонското културно-историско и духовно наследство во македонското село Туминец.






