Ново е што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има „креативни предлози“, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4, изјави претседателката.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека има исчекор и гледа можност за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, кој не зависи само од Македонија.
„Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара“, вели претседателката.
„Креативни предлози“
Според нејзините сознанија – има исчекор. „Ново е што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има ’креативни предлози’, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“, изјави претседателката во изјава за новинарите, по настанот „Глобален женски појадок 2025“ што го организираше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, по повод Меѓународниот ден на девојките и жените во науката.
Според Сиљановска-Давкова, процесот не зависи само од земјата која покажа невидена и нечуена кооперативност во однос на евроинтеграцијата. Потребно е време, но и добра волја, како и манифестирање добрососедство, вели таа.
Претседателката потсети дека неодамна во Аушвиц се сретнала со претседателот на Бугарија, Румен Радев. „Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија“, вели таа.
Целиот текст може да го прочитате на DW






