Најголемата приватна пошта во Македонија, Еко логистик сервис (ЕЛС) во употреба ја пушти новата веб-страница која претставува нов повеќејазичен веб сајт со сите безбедносни компоненти.
Адресата на новата веб-страница е https://els-post.mk. Во моментов веб-страницата е на македонски, англиски и албански јазик, а се подготвува и кинеската верзија. До крајот на годината на веб-страницата ќе се вметнат и германски, српски, бугарски и турски јазик.
На веб-страницата има податоци за сите хабови на ЕЛС, во Скопје и низ целата држава. Граѓаните кои чекаат пратка, можат да ја следат истата преку сериски број.
Со оглед на зголемениот обем на работа, на веб-страницата е отворена нова категорија „Кариера“ во која сите заинтересирани лица може да ги видат отворените работни позиции, но и да пратат своја биографија и контакт податоци за да бидат исконтактирани од тимот на ЕЛС.
Неодамна ЕЛС ги презеде доставите за пратки кои граѓаните ги нарачуваат преку познатите платформи Али експрес и Тему. Компанијата располага со повеќе од 200 сопствени возила и има над 250 вработени, распоредени во повеќе од 50 хабови низ територијата на државата. За идниот период е најавена соработка и со други меѓународни платформи, па оттаму ,во ЕЛС се спроведува континуиран процес на нови вработувања.







