Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Австралија оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за унапредување на економските релации, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

Муцунски пред претставниците на бизнис-заедницата ги претстави инвестициските поволности што ги нуди државата, нагласувајќи дека зајакнувањето на економските врски со Австралија останува еден од приоритетите во билатералните односи.







