Општина Тетово ги повикува граѓаните, правните лица, невладините организации и здруженијата на граѓани да поднесат предлози за преименување на постојните и именување на новите улици во општината.
Јавниот повик е дел од заложбите за инклузивност и активно вклучување на јавноста во носењето одлуки. Сите заинтересирани можат да ги достават своите предлози во периодот од 10 февруари до 10 март 2025 година.







