Над 11.000 луѓе го напуштија островот поради последователните земјотреси, а властите почнаа да преземаат дополнителни безбедносни мерки поради можноста од посилен земјотрес.
За потсетување, грчката влада прогласи вонредна состојба на островот Санторини, кој е погоден од земјотреси повеќе пати на ден, понекогаш во интервали од само неколку минути.
„Ројот земјотреси“ се чувствува и на другите блиски острови во Егејското Море. Сè започна на крајот на јануари со серија многу слаби земјотреси (послаби од магнитуда 3), кои едвај беа забележливи. Сепак, на почетокот на февруари сеизмичката активност се зголеми, а земјотресите станаа посилни и почести.
Во последните две недели се забележани неколку илјади земјотреси, од кои дури 30 дневно биле со јачина поголема од 4,0 степени. Повеќето од нив се случиле на длабочина помала од 10 километри, што значи дека луѓето на островите ги почувствувале доста силно.
Посилните земјотреси предизвикаа паѓање на крајбрежните карпи и помали оштетувања на зградите. Најсилниот земјотрес до сега, со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, го погоди регионот на 6-ти февруари. Почувствуван е и во Атина, Крит и делови од Турција оддалечени повеќе од 240 километри.
Целиот текст на Вечер.мк






