И Твитот на денот денеска е постот на социјалната мрежа Х поранешен Твитер на Илија Димовски кој на свој начин ги коментира резултатите од најновата анкета за рејтингот на политичките партии во Велика Британија.
,,Бабау, оваа Европа веќе никогаш нема да биде иста…”, пишува Димовски за анкетата според која британските Лабуристи доживуваат катастрофа и од 41 процент паднале на 17,4 со што станале дури трета политичка сила.
Во моментов според анкетата најпопуларна партија во Велика Британија е Конзервативната а втори се Реформистите на Најџел Фараж.







