На прес – конференцијата која ја организираше бранителот на Васил Јованов, Сашко Дуковски, се појавија и родителите на Васил.Тие тврдат дека биле против тој да вози и дека кобната вечер го украл автомобилот од дома.
Неговиот адвокат Сашко Дуковски информира дека Васил вечерта бил на отворање на кафуле на пријател, каде пиел алкохол, а според таткото, тие не знаеле дека тој го зел возилото.
Колата е купена во 2016 година поради потреба зашто сопругата работеше подалеку и ѝ требаше за да патува на работа. Правно беше на мое име, де факто сопругата ја користеше. Васил до 18 години не дозволив ни со мене ни со чичко му да вежба да вози верувајќи дека најдобро се учи со часови од почеток. А и не бараше. Кога завршил со часовите со инструкторката, кога помина низ тој процес претпоставувам дека помислил дека знае да вози. И го има украдено автомобилот, рече Зоран Јованов.
Родителите од Васил тврдат дека никогаш не влијаеле на никаков начин за тој да добие полесна пресуда и во минатите дела
„Јас првпат и единствен пат ја видов таа госпоѓа во мојот живот, во рамките на самата судница, на рочиштата и ниту во овој момент јас не знам чија сопруга е. Можеби е сопруга на некој мој поранешен колега, но јас не сум свесна за тоа. Бог ми е сведок“, изјави Ана Јованова, мајка на осомничениот.
Според адвокатот Дуковски, треба да се остават институциите да ја завршат работата. Тој вели дека во јавноста се споделувале многу невистини и се повикувало на линч на Васил, а вештачењето е започнато вчера
Она што ме поттикна и што не можев да поминам преку тоа е изразувањето на многу ноторни невистини, повик на линч, повик на крв и наместо воспоставување на право со владење на законите во една демократска и правн адржава во една обвинителска и судска постапка, воспоставување или обид за воспоставување, рече Дуковски.






