Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари посета на населеното место Кукуречани, каде што наскоро ќе започ
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари посета на населеното место Кукуречани, каде што наскоро ќе започне реализацијата на два значајни проекти – изградба на мултифункционално спортско игралиште и реконструкција на улици со вкупна должина од 1930 метри.

Првиот проект се однесува на изградба на современо спортско игралиште во дворот на основното училиште „Александар Турунџев“. Игралиштето ќе биде наменето за повеќе спортови, вклучувајќи кошарка, ракомет, одбојка и тенис. Градоначалникот Коњановски, заедно со директорот на училиштето, Никола Јовевски, направи увид на локацијата каде што ќе се гради спортскиот терен.
Покрај тоа, во завршна фаза е изготвувањето на проектната документација за реконструкција на осум краци од уличната мрежа во должина од 1930 метри, со што значително ќе се подобри патната инфраструктура во ова населено место.

„Со овие инвестиции, не само што ќе обезбедиме подобри патишта, туку и ќе создадеме поквалитетни услови за спортски активности на учениците и младите во Кукуречани“, истакна градоначалникот Коњановски.

Реализацијата на овие проекти е дел од пошироката стратегија на општина Битола за подобрување на инфраструктурата и животните услови во руралните средини.







