Претседателката на Република Македонија, Горана Сиљановска-Давкова, денеска оствари средба со делегација од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија на Македонците во Албанија. Делегацијата беше предводена од претседателот на партијата, Васил Стерјовски.

На средбата се разговараше за состојбата на македонското малцинство во Албанија и односот на албанските институции кон нив. Претставниците на МАЕИ истакнаа дека Македонците во Албанија се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација, што го загрозува нивниот национален и културен идентитет.

Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека е потребен стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи. Таа ја истакна важноста на соработката со албанските власти и меѓународните организации во насока на гарантирање на правата на македонската заедница.

Средбата претставуваше потврда за заложбите на Република Македонија за унапредување на положбата на Македонците надвор од границите на државата, со акцент на нивната национална, културна и јазична самобитност.






![Кога сите мислеа дека е изумрена, научниците снимија жив примерок од рибата диносаурус [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-05-01-011456.png)