На 5 февруари 2025 (среда), одредени делови од Тетово и тетовско ќе имаат привремен прекин на електричната енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Според најавите, без струја ќе бидат:
• Дел од с. Пршовце – од 09:00 до 14:30 часот.
• Дел од град Тетово – објектите лоцирани кај стариот камен мост, како и делови од улиците Ленин, Охридска, Ѓоце Стојчески и 29 Ноември, во период од 09:30 до 14:30 часот.
• Дел од ул. Вонвардарска – од 09:00 до 12:00 часот.
Граѓаните се советуваат да ги планираат своите активности во согласност со најавените прекини.







