Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на Гоце Делчев, истакнувајќи ја неговата визија и храброст како темел на силна и обединета Македонија.

„Испречени пред неправдите, пред обидот за негирање на македонскиот бит, со гордост се поклонуваме пред нашиот и само наш, македонски херој! Борбата на Гоце продолжува!“, порача Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека опстанокот на вистината за Македонецот мора да остане жив и дека тоа е заветот на оваа и сите идни генерации.
„#ГоцеЕМакедонија и за тоа нема никаков компромис! Да живее Република Македонија!“, заврши Ѓорѓиевски во својата патриотска порака.






