Пациенти со висока температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, чекаат надвор пред ГОБ „8 Септември“ на температури под нулата додека не им дојде ред да бидат прегледани.
Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во „8 Септември“. Бидејќи во сред пандемија нема 3 смени, почнуваат со работа од 8,30 часот. На минусни температури се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав три часа, пишува на социјалните мрежи пациентка која утринава чекала да земе упат за рентген.
Извор: Скопје инфо







