Попладнево порталот „Буревесник“ објави фотографии одВасил Јованов со мобилен телефон во рацете, а во моментов е во притвор во „Шутка“.
Од семејството на трагично загинатата Фросина бараат секторот за внатрешна контрола во МВР да го пронајде одговорниот што го снабдил со мобилен телефон Јованов.
Јавноста по овие фотографии е уште пореволтирана и бесот го изразуваат низ низа коментари.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.
фото: Буревесник/Социјални мрежи
Извор: faktor.mk







