Здравствените работници се во првите редови во справување со коронавирусот. Тие секојдневно се во контакт со лицa кои се носители на вирусот и ја имаат најтешката и исклучително важната улога во борбата со пандемијата. Кога зборуваме за здравствени работници мислиме на целиот медицински персонал и во сите здравствени институции во државата.
Сакајќи да го слушнеме размислувањето на пониските здравствени ешалони и како тие секојдневно се справуваат со коронавирусот, денес разговараме со Љубомир Петровски, болничар од Клиниката за неврохирургија. Тој веќе девет години е дел од оваа здравствена установа и вели дека уште од самиот почетокот на пандемијата, оваа клиника е подготвена за пациенти со Корона вирус.
Почнавме со ротација на персоналот, како што беше наложено од министерството. Половина оддел го направивме за пациенти со Ковид-19. Делот за полуинтензивна нега го спремивме со респираторни машини, а во секоја друга соба има довод за медицински кислород, вели Љубомир. Додава дека состојбата на оваа клиника во моментов е стабилна и таму нема позитивни пациенти. Сите пациенти кои имаат потреба и се јавуваат во клиниката, се прегледани.
Дел во нашата амбуланта со закажан термин и нормално итните случаеви на ургентниот центар. Доколу има потреба тие се хоспитализираат, додава Љубомир.
Да се биде дел од здравствениот систем е вистински предизвик, а особено во специфични времиња и состојби кои бараат високо ниво на посветеност и ангажираност. Тој вели дека предизвик секогаш има. Желбата да се помогне на секој пациент е секогаш голема. Предизвикот да се работи на Клиниката за неврохирургија е посебно голем, затоа што секогаш е бурно и се работи со тешки случаеви, кои бараат голема грижа и внимание.
Извор и повеќе : Скопјеинфо






