Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, го пуштија во употреба новото мултифункционално спортско игралиште во Брвеница.

„Брвеница сега има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева и трибини за 200 гледачи, како и ново кошаркарско игралиште со полипропиленски под за официјални натпревари. Ова е значаен напредок за спортската инфраструктура во регионот и на целата земја“, изјави Ристовски.

Министерството за спорт продолжува со активни инвестиции во подобрување на спортските услови низ Македонија, инвестирајќи во иднината на македонскиот спорт и создавајќи услови за развој на младите таленти.
„Ова е само еден од многуте проекти кои ја демонстрираат нашата заложба за унапредување на спортската инфраструктура и вложување во иднината на спортот во Македонија“, додаде министерот.






