„Татко ми беше бербер. Во тоа време по затворање на дуќаните, занаетчиите се собираа пред Нама во центарот, на градскиот плоштад. Поминала рација од бугарските окупатори и ги собрала сите занаетчии. Меѓу нив и татко ми. Мајка ми даде многу пари за да стигне до генерал Бојдев за да го пуштат татко ми. Откао даде пари и дозволија да се жали кај генерал Бојдев. Отидоме кај генерал Бојдев јас, мајка ми и сестра ми. Ние бевме деца.
Никогаш нема да го заборавам ова. Додека чекавме излезе официер и удри еден шамар на мајка ми. Ние почнавме да плачеме, деца. Во тој момент излезе генерал Бојдев и праша што се случува. Офицерот му вика „таа е жена на шумка“, на партизан. Генерал Бојдев ја праша како се вика татко ми. Таа кажа име и презиме и ѝ вика: „оди дома ќе го одвлнеме“. Го пуштаат после 3-4 дена. Сега каде што е собранието, карши, кај споменикот. Таму го пуштаат.
Не може да згази на стопалата од што е тепан по нив. Не можеше да дојде дома, со пајтон го донесоа. Се по табани тепан. Од тоа умре. Се со штаки одеше. Прво воопшто не можеше да оди. После месец лечење застана на нозе, но не можеше самостојно да оди. Наскоро умре. Бојдев го уби татко ми.Сега Заев ќе каже дека не биле окупатори, дека биле администратори. Какви администратори. Тој шамар што мајка ми го доби уште ме боли. Нека дојде мене нека ми раскаже дека не биле Бугарите окупатори. Го слушам и не ми се верува што зборува. Зарем на нас, живите сведоци од тоа време може да ни раскажува што биле Бугарите и што му правеле на македонскиот народ?! Јас него можам да му раскажам, не тој мене“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






