ЈКП „Шар“-Тетово потсетува дека редовното плаќање на сметките за снабдување со питка вода и канализациски услуги е обврска на секој корисник. Ненавременото плаќање предизвикува потешкотии во одржувањето и функционирањето на водоводниот систем, што директно влијае на квалитетот и континуитетот на услугите што ги нудиме.
Ги замолуваме сите корисници кои имаат неплатени долгови да ги измирaт своите обврски што е можно побрзо, за да се избегне прекинување на услугите и евентуални правни постапки. Доколку дојде до понатамошно одложување на плаќањето, ќе бидеме принудени да преземеме законски мерки за наплата на долговите преку нотар и извршител.
Соработката на граѓаните е клучна за да се обезбеди квалитетна и непрекината услуга за целата заедница.
За повеќе информации или за проверка на вашите долгови, можете да нè контактирате во нашите канцеларии или преку нашите официјални комуникациски канали.
ЈКП „Шар“-Тетово
Во служба на граѓаните!






