МВР извести дека актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец.
Според МВР, околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во изјава за „Слободен печат“ актерот Сашко Коцев тврди дека не удрил во полицаец по што го напуштил местото.
– Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш кој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна, посочи Коцев за СП.






