Познатиот фолк-пејач ги изненади сите со своите објави
И откако најпрво се пошегува со една снимка со својата сопруга Ана направена во нивниот дом и притоа покажа како изгледа нивната кујна, Спасен ги изненди следбениците и со фотографија на која е со ќерка му.

Инаку, Спасен по потекло е од кичевското село Положани, но со сопругата и нивните деца веќе неколку години живее во Скопје.
Тој не ретко на социјалните мрежи споделува фотки од нивното љубовно гнездо, но овој пат во главна улога беше неговата наследничка.
Имено, Спасен сподели како игра шах со својата мила, па фотографијата веднаш предизвика воодушевување кај сите.
„Тато vs Мила (Магнус Карлсен vs Јудит Полгар)“, напиша Спасен.

Од фотографијата што Спасен ја објави може да видиме и како изгледа овој дел од домот на Спасен, полн со топлина и многу љубов.
Ваков домаќин мајка еднаш раѓа… 🙂
Бонус видео







