Заев е човек без онтологија, изгубен во просторот и времето, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев по интервјуто на премиерот за бугарски медиум.
-Прочитајте го ова скандалозно интервју на еден ПЛИТОК И НЕОБРАЗОВАН ЧОВЕК. Човек без онтологија. Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава. И потоа, отрезнете се со фактот дека тој одлучува за вас и за вашите најблиски. И излезете од апатичноста. И активирајте се политички (по можност у Левица), напиша Апасиев на Фејсбук.
Тој им се обрати и на членовите на СДСМ, порачувајќи им да ги искинат членските карти и да им се извинат на своите дедовци-партизани кои се бореа за Југославија.






