Приватните животни на нашите ракометари кои ја сочинуваат македонската репрезентацијата на Светското првенство оваа година не се многу познати за јавноста. Факт е дека поголемиот дел од нив се млади и нови имиња.
Како што многумина ги нарекуваат избраниците на Кире Лазаров не се експонираат многу во јавноста.
Експертите велат дека Лазаров вешто ги чуваше се додека не заминаа во Вараждин по стаклено ѕвоно со цел добро да се фокусираат на натпреварите како најважен предизвик за нив периодов.
Непосредно пред мечот со големата Франција, кој ќе се одигра вечерва во 20 и 30 часот, зборуваме за нашиот Филип Кузмановски.
Ракометарот кој се вивна со својата игра на Мундијалот, тој кој направи многу за да стигнеме до резултатот кој сме сега и спаси многу ситуации во досегашните натпревари.
Но дали ја знаете информацијата за тоа дека Кузмановски пред само три месеци се изреализира во улогата на татко. Токму тогаш кога најмногу се подготвувал пред да тргне на првенството животот комплетно му се променил. И сега еден месец додека е во Хрватска не може да си го види синчето и да биде со семејството.
Филип има три месечно бебенце.
Животот на спортистите не е лесен.
Тој и неговата избраничка, преубавата Моника станаа родители на малиот Матијан.
Матијан се роди на 25 октомври 2024 година, пред точно три месеци,






