Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, ја проследи спектакуларната вечер на отворањето на новата концертна сезона на Националниот џез оркестар. Настанот „Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones“ потсети на генијалното музичко наследство на легендарниот творец, внесувајќи нова енергија и емоции во звуците на класичниот џез.

Сиљановска-Давкова беше дел од публиката што ја апсорбираше секоја нота на маестралните аранжмани, исполнети со динамиката на современоста и магијата на вечното. Претседателката изрази воодушевување од квалитетот на оркестарот и пејачите, истакнувајќи дека настанот беше вистинско музичко патување што ја ослободува душата.

Настанот не само што покажа врвен музички квалитет, туку ја потврди и улогата на културата како мост меѓу традицијата и модерното време.






