„Една од многуте заложби што ги имав во општина Тетово беше ослободувањето на јавните површини, каде што имав и противење од оние кои имаат корист од узурпацијата на јавните површини. Но, со оглед на тоа што овој тренд на узурпирање јавни простори трае веќе триесет години и Тетово како да се гуши, идејата беше да се ослободат јавните простори, а јас овој процес го започнав откако ја презедов функцијата и нема врска со локалните избори. Не презедовме никакви чекори за уривање на објектот што е изграден на приватен имот, туку оние што зафаќаа јавни површини. Можам да гарантирам за јавноста дека се уништени повеќе имоти на луѓе поврзани со Движењето БЕСА и коалицијата ВЛЕН од другите“, рече Касами.
Извор: Алсат







