Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

by
2025-01-23
in Uncategorized

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Мицкоски, соопшти МНР на Грција, „се обидува да го врати во преден план едно од прашањата што веќе е решено, како што знаеме, конечно и неповратно“.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Тоа, како што пишуваат грчките медиуми е одговор на коментарите на Мицкоски на собирот на северномакедонци во Њу Џерси во средата, за време на неговата посета на САД за инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Треба да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим ако сакаме конечно македонското прашање да дојде до својата завршница. Нашето прашање не е решено. Тоа тлее со векови и сè уште постои“, рече премиерот на Северна Македонија, цитиран од весникот „Република“, стои во написите на медиумите во Грција.

„Овој настан претставува провокација за Грција, обидувајќи се да го врати на преден план прашањето што е решено, како што знаеме, конечно и повторно“, велат од Миинистерството за надворешни работи на Грција според тамошните медиуми.

„Грција потсетува дека натамошниот напредок на билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот курс на соседната земја бараат целосно почитување на Договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички прокламации и претензии кон соседните земји“, е подвлечено од грчкото министерството.

Изјавата се однесува на историскиот договор потпишан меѓу Атина и Скопје во 2018 година за решавање на деценискиот спор за името.

Грчките медиуми анализираат дека „откако ја презеде функцијата минатото лето, Мицкоски, националист, често ги прекрши условите од договорот нарекувајќи ја неговата земја „Македонија“ наместо да го користи уставното име Северна Македонија“.

Previous Post

Ракометарите денеска на мегдан со Катар

Next Post

Австралија „доверливо“ ѝ реферира на Грција за Движењето за ослободување и обединување на Македонија во 1984 година

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Австралија „доверливо“ ѝ реферира на Грција за Движењето за ослободување и обединување на Македонија во 1984 година

Recommended

Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен патриот и е извонредно остроумен професионален војник!

Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен патриот и е извонредно остроумен професионален војник!

2 months ago

Полска во паника: Дрон „Shahed“ експлодира во поле близу Варшава

4 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.