Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари конструктивна средба со амбасадорката на САД, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер.

Во рамки на средбата, беше потенцирана заедничката посветеност кон унапредување на соработката меѓу двете земји во клучни области како енергетската безбедност и одржливиот развој. Разговорите се насочија кон:
🔹 Енергетска безбедност – зајакнување на инфраструктурата и обезбедување стабилност на енергетскиот систем.
🔹 Одржлив развој – реализација на зелени проекти и поттикнување на енергетски иновации.
Божиновска ја истакна важноста на партнерството со САД како клучен фактор во градењето на одржлива и енергетски стабилна иднина. Таа изрази благодарност за континуираната поддршка која ја добива државата, со цел обезбедување на подобар животен стандард за сите граѓани.
„Силната соработка со САД претставува значајна поддршка за нашите амбициозни цели во зелената транзиција и енергетскиот развој,“ истакна Божиновска по средбата.






