На 21.01.2025 во период од 13.30 до 14.00 часотво централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во објекти за продажба на текстилна облека, сопственост на А.Д.(29) од с.Требош, тетовско, сопственост на М.М.(33) од Тетово и сопственост на М.Д.(25) од Тетово поради основи за сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓa фирма“ казниво по член 285 од Кривичниот законик. Притоа, од објектите била одземена разновидна облека со лого од познати светски брендови. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






