На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени
📌 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен
📌 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен
📌 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен
Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!
👉 Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, напиша на својот Facebook профил.







