Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-11-24
in Uncategorized
Единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил

Работам се што треба – и да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да прегледам“, вели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, волонтер на Инфективното одделение во прилепската болница. Тој е единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил. Секое утро во 7 часот во скафандер, под маска и визир се упатува кон Инфективното одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Таму волонтира до 10 часот, потоа заминува кон општината каде го чекаат многубројни обврски. Кога обврските во општината ќе завршат, повторно го облекува скафандерот. Се враќа во болницата во 19 часот, каде волонтира уште неколку часа. Следниот ден – ист распоред, иста маршрута, и иста желба – да им помогне на болните од Ковид -19, да им помогне на лекарите, мединските сестри, техничари… Волонтирањето продолжува и во деновите од викендот.

Мора да се помогне

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Вака, веќе 12 дена изгледа секојдневието на Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп, по професија лекар – специјалист ортопед. Кога на 11-ти ноември Јованоски најави дека ќе почне да волонтира, неговите сограѓани не беа изненадени, бидејќи во градот е познат лекар, хуманист, секогаш подготвен да помогне. Во разговор за ДВ, реномираниот ортопед објаснува кој бил пресудниот момент да „скрши нога“ и да се стави на располагање на Инфективното одделение во болницата.

„Како градоначалник на Прилеп и шеф на Општинскиот кризен штаб, јас и мојот тим постојано укажувавме на мерките за заштита, на неоходноста од носење маски, дистанца… Вложивме многу напори, одржавме многу прес -конференции, а гледам бројките растат и стануваат загрижувачки. Решив со личен пример најдиректно да се вклучам во битката против болеста. Лекар сум, знам во вакви времиња колку е важна и помошта за пациентите, и помошта за колегите. Не сакав да се наметнувам. Најпрво разговарав со директорот на болницата и со колегите од Инфективното одделение, и им ја понудив мојата помош, која со задоволство беше прифатена“, објаснува Јованоски.

Одлуката е вредна за почит, со оглед дека и самиот спаѓа во возрасна група која е поранлива на вирусот.

„Знам дека припаѓам на ризичната група од возраст над 60 години, каде е поголема можноста да добијам инфекција или да заболам. Но, тоа е пресметан ризик. Како општествено одговорен граѓанин и како лекар кој се обврзал на Хипократовата заклетва, решив да се ставам на располагање на моите колеги, од секој аспект. Се чувствувам здрав и сметам дека можам да издржам“, дециден е Јованоски.

На познат терен

Во прилепската општа болница тој е на познат терен. Пред да стане градоначалник таму бил директор, а бил и заменик директор во периодот од 1995 до 1998 година. Во лекарската кариера зад себе има околу 6.000 операции. Но, денес работи сѐ што налага состојбата и потребите.

„Работам се што треба – и како болничар, и како медицински техничар и како лекар. И да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да го прегледам“, вели Јованоски.

Има пофални зборови за ангажманот на раководството на болницата и за севкупниот медицински персонал, бидејќи битката со Ковид-19 не е само на Инфективното одделение, туку и на одделението за уво, нос и грло, на очно, дел на гинеколошкото, и во еден тракт од интерното одделение. Вели дека со ангажман на болницата биле зголемени и капацитетите на Дневниот центар каде 50-тина пациенти во полесна состојба добиваат терапија и инфузја, па сега е обезбедена и дополнителна просторија за тие потреби во одделението за физикална терапија.

„Сите работат многу, преоптоварени се, персоналот не може секаде да стигне. Во првите денови од моето волонтирање забележав дека поради таа оптовареност и презафатеност,недостига медицинска нега. Помогнав да се ангажираат осум негователки, по две во смена, посветени на нега на немоќни пациенти. Работат во смена од 12 часа. Надоместокот за нивната работа ќе биде обезбеден од донации на економски субјекти од општината, за битката со Ковид-19“, вели Јованоски.

Со оглед дека и други субјекти се понудиле за помош, се надева дека на тој начин наскоро ќе биде обезбедена и нова бројка на потребни монитори на кои се следи состојбата на пациентите – работата на срцето, притисок, пулс, сатурација…

Јованоски дома не треба да објаснува зошто голем дел од денот го поминува во болницата и зошто е битна секоја помош на здравстените работници. Тоа подеднакво добро го знае и неговата сопруга Виолета, која работи како лекар трансфузиолог во истата болница.

„И двајцата сме секојдневно изложени, така што – нема место за паника“, вели Јованоски.

www.dw.mk

Previous Post

Денеска се слави чудотворецот кој се покажувал како војник качен на бел коњ и им помагал на тие во неволја

Next Post

Во Исланд мoжете да работите без европски пасош, но треба да го исполнувате овој услов

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Во Исланд мoжете да работите без европски пасош, но треба да го исполнувате овој услов

Во Исланд мoжете да работите без европски пасош, но треба да го исполнувате овој услов

Recommended

Оженет маж ископал тунел до куќата на својата љубовница, ама го фатиле

Оженет маж ископал тунел до куќата на својата љубовница, ама го фатиле

5 years ago
Каков телефон користи американскиот претседател Доналд Трамп?

Каков телефон користи американскиот претседател Доналд Трамп?

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.