Непознат разбојник вчера попладне ограбил обложувалница во скопската општина Карпош, заминувајќи си со парите од дневниот промет, соопшти МВР.
„На 16.01.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обожувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.







