Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со својата администрација и јавните претпријатија, успешно реализираше иницијатива која овозможи над 600 граѓани бесплатно да го посетат скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа активност, организирана за време на зимскиот распуст, беше пречекана со голем интерес, особено од младите.

„За нас е приоритет да создадеме услови за граѓаните, особено младите, да можат активно да се рекреираат, да уживаат во природата и да избегаат од урбаната динамика. Ова е само почеток – ќе продолжиме со вакви активности и во иднина, и во текот на летниот распуст, за да ги доближиме убавините на нашата општина до сите“, изјави Коњановски за време на посетата на скијачкиот центар Нижеполе.

„Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, ЈП „Стрежево“, со Хотелот „Молика“, со поддршка и на приватниот сектор „МИГ Травел“,придонесе за успешна организација на бесплатниот превоз и за позитивните впечатоци на учесниците. Коњановски најави дека општината ќе продолжи да ги разгледува можностите за слични иницијативи кои ќе го поттикнат развојот на туризмот, љубовта кон природата и здравите животни навики кај граѓаните.

Општина Битола со овој потег покажува дека може да биде пример за инклузивни активности кои го промовираат активниот животен стил и се грижат за добросостојбата на сите генерации.
Изјавата на градоначалникот Коњановски може да ка проследите тука






