Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трајановски: СДСМ не ги завршија патиштата затоа што беа заложници на ДУИ

by
2025-01-16
in Uncategorized

Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби и никогаш немаше да бидат завршени заради фактот што ДУИ немаше интерес во делниците Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново. Причината е јасна и бизарна – немале членство таму, односно не би добиле гласови со овие експресни патипшта. Потврда на сомнежот во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски даде и директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој во рок од десетина дена и по само шест месеци на функцијата со многу работа и труд успеја да ги пушти во употреба делниците Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново.

-„Може и од тој аспект да се гледа, со оглед на тоа дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта беше од ДУИ. Во една прилика, ова е неофицијално има речено „Па слушај, ние немаме гласови таму, нека си оди работата, нека си тече, ама без голем притисок.“ Значи, без голем притисок кон изведувачите, кон надзорот, кон подизведувачите и сето тоа, така што и тука можеме да најдеме некоја поента во незавршувањето на патиштата“ посочи Трајановски, кој цени дека главната поента е дека оние луѓе кои што биле на власт од СДСМ, кои биле задолжени за работите, ресорното министерство и  функционерите од тој крај можеле да направат еден поголем притисок за да тоа се заврши. Но, никогаш не го сториле тоа.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

-„Велат дека асфалтото бил направен во нивно време на Страцин-Паланка, но јас бев многу јасен и прецизен во својот говор – во делот на компанијата „Штрабак“ од 15.5 километри, немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт! Дури и земјените и тампонските работи не беа завршени“, потенцира Коце Трајановски.

На фалбите на СДСМ дека тие цели завршиле цели 92 насто од правецот Градско-Дреново, Трајановски посочува дека малку е комично по една година целосен застој да тврдите дека само осум насто останале за пуштање на експесниот пат.

-„Малку е смешно, ако вие само за тие осум насто не сте успејале да го завршите за година дена, во тој случај се рпашуваме кога би ги завршиле тие 8%, со оглед на тоа дека година дена пред јас да дојдам за директор на ЈПДП, година дена компанијата „Штрабак“ беше повлечена од оваа траса – значи немаше вработени, немаше опрема, немаше механизација, се’ беше оставено. Имаше два анекси, не беа потпишани, а бидејќи ова е преку ИПА фондовите, 71% е од ИПА грант, односно 28 милиони евра од вкупно 37,5 милиони, а останатото е финансирање од државата. Кога дојдовме на позиција, со ангажирање на министерството за финансии, на министерството за транспоорт и министерот Николоски и мое ангажирање, успејавме да го надминеме тој проблем, тие два анекси да се потпишат, работеше еден голем тим на луѓе 20 до 30 дена и заедно со ЕК делегацијата тоа се прифати и почна да се плаќа. Во прашање беа околу 13.5 милиони евра, не беа ни исполатени. Сега, како можеш ти да кажеш дека си завршил 92%, а само 8% не си завршил, а практично година дена не се работеше, беше стопиран тој пат“ објасни Трајановски во емисијата на ТВ Алфа.

Previous Post

Важно известување од ЈСП

Next Post

Мицкоски утре ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Мицкоски утре ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце

Recommended

Бадник во Тетово: Поворка, Културна Програма и Детска Забава под Маски

11 months ago

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЈА ОТВОРААТ ВРАТАТА, НО ПАТОТ КОН ЕУ ЌЕ НИ БИДЕ ТРНЛИВ Бугарскиот министер Георгиев призна – внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.