Првиот заменик премиер, Изет Меџити, гостувајќи во “КохаКаст”, зборуваше за интерпелацијата поднесена во Собранието за негово разрешување. Според него, во историјата на Парламентот на РСМ немало послаба интерпелација од онаа за негово разрешување.
„Интерпелација поднесе албанската опозиција, а македонската опозиција ја напушта салата – вакво нешто никогаш не се случило во историјата на државата. Затоа, ДУИ во интерпелацијата што ја поднесе против мене, не веруваше ни самата. Односно, некои од пратениците на ДУИ дури и не присуствуваа на таа седница, така што ние повторно се почитуваме и се поздравуваме кога ќе се сретнеме, за да ја зачуваме човечноста“, изјави заменик премиерот Изет Меџити.






