Првиот заменик премиер, Изет Меџити, гостувајќи во “КохаКаст” зборуваше за корупцијата и одговори на прашањата дали се клеветат Албанците додека за корупција се обвинуваат албанските политичари. Според Меџити, црната листа не ја прават Македонците, туку таму има и Албанци и Македонци, бидејќи корупцијата нема етнички граници.
„Американската црна листа не ја прават Македонците, таму има луѓе од сите етнички заедници. Затоа, не може да се каже дека борбата против корупцијата е насочена исклучиво против Албанците. Ние не постапуваме како властите во минатото, кои со камери апсеа Албанци. Ако ги погледнеме случаите кои се отворени за корупција, 70% од нив се поврзани со Македонци“, изјави заменик премиерот Изет Меџити.
Тој понатаму додаде дека кога Груевски и Мијалков беа обвинети за корупција, тоа не ги оцрни сите Македонци, туку само нив и нивниот круг.
„Никола Груевски и Сашо Мијалков беа на црната листа, но тоа не значеше дека сите Македонци се корумпирани. Критики беа насочени кон тоа раководство на ВМРО, тие минаа два мандата во опозиција и се реформираа, а денес се на власт. Сега не можеме да кажеме дека во Државната лотарија виновни се други, таму се Артан и Перпарим. Во енергетиката беше отворен случај и против Ковачевски, но тој не избега за да стане атракција. Таму има и луѓе од СДСМ“, заврши заменик премиерот Меџити.







