Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, оствари работна средба со заменик-претседателката на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, Шаима Ал-Шеиби, во седиштето на ОПЕК Фондот во Виена.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката и финансирање проекти кои ќе придонесат за економски раст и подобрување на животниот стандард во земјата. Посебен акцент беше ставен на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката и здравството, како клучни области за долгорочен развој.
„Продолжуваме со напорите за обезбедување средства за поддршка на развојни проекти кои ќе ја зајакнат нашата економија и ќе овозможат подобри услови за живот на граѓаните,“ истакна Димитриеска-Кочоска.
Средбата ја потврди подготвеноста за понатамошна соработка со ОПЕК Фондот, насочена кон реализирање проекти со големо значење за земјата.







