43-годишен стружанец доби кривична пријава поради тоа што на 8 јануари му се заканувал со нож на роднина со кој живее во заеднички двор, а потоа и кршел предмети од куќата на десет години помладиот роднина, соопшти МВР.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.К.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 08.01.2025 во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов роднина С.К.(33), со остар предмет му упатил закани, а потоа оштетил предмети од неговата куќа“, велат од МВР.






