Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со гордост најави дека оваа година, на 19 јануари, ќе се одржи традиционалната манифестација по повод празникот Водици. Настанот ќе започне со Богојавленска литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот и ќе продолжи со осветување на водите и положување на Светиот Крст во базенот „Расадник“ во 11:00 часот.
За најсреќниот учесник кој ќе го извади крстот од осветените води е предвидена парична награда од градоначалникот, како и дополнителни награди од спонзорите.
„Ве поканувам сите да земеме масовно учество во оваа манифестација и заедно да ја продолжиме оваа прекрасна традиција, славејќи ги нашите христијански вредности,“ изјави Ѓорѓиевски.
Заинтересираните учесници можат да се пријават до 18 јануари во 18:00 часот на телефонскиот број: +389 78207687 (Далибор), со задолжително потпишување на изјава за добра здравствена состојба.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на Богојавленската литија и на заедничкото славење на празникот.








