Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, попладнево беше на терен со екипите на зимската служба за да ги идентификува критичните точки кои бараат дополнителна интервенција.

Во комуникација со надлежните, тој даде насоки за повторно третирање на овие делови, при што службите ќе продолжат со непрекината работа и во текот на ноќта за обезбедување безбедност и проодност на патиштата.







