Кемал Назири, 40 годишниот Скопјанец кој работи како воено лице, спасува бездомни животни. Во моментов се грижи за 15 кучиња и 7 мачки. За себе вели дека уште од дете ги сакал животните. На ваков чекор се одлучил пред две години. Од тогаш до сега, од улица спасил околу 150 животни.
Кемал се грижи за животните на својот плац од 2800 метри квадратни. Секое куче има своја куќичка. Малите вкупно 9 на број, се сместени во посебна просторија. Освен храна и вода, повредените кучиња добиваат и соодветна медициска терапија. Сите се стерилизирани, вакцинирнаи и подготвени за вдомување, но Кемал вели дека е тешко да се најде дом за нив бидејќи луѓети кои сакаат да вдомат, се малку на број.
Волонтирањето е достапни за сите љубители на животни, и доколку сакаат граѓаните може и да донесат куче и да се грижат за него, но под услов тоа да биде чипирано, вакцинирано, стерилизирано или кастрирано. На овој начин вели Кемал, сака да спаси што поголем број на бездомни животни но и да ја зголеми свеста кај луѓето дека и тие се живи суштества со свои потреби како и сите нас






