На 08.01.2025 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 07.01.2025 до 14.00 часот на 08.01.2025 на улица „Косовска“ во Тетово со тврд предмет било извршено оштетување на влезната врата, два прозорци, помошниот објект и камерата над влезната врата од црквата ,,Света Петка и Недела“.Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Информираат од СВР Тетово







