Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Почна чистење во полицијата и царината

by
2025-01-10
in Uncategorized

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица.

Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници од кои едниот е во пензија и полициски службеник се обвинети дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Примање поткуп предвидено и казниво по член 357 од КЗ. Деветмина од обвинетите сториле и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 КЗ. Едно лице освен за погоре наведените две дела е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од чл.396 ст.5 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Двајцата царински службеници против кои е поднесен обвинителниот предлог се обвинети дека како соизвршители сториле едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ.

За сите обвинети за кривичното дело Примање поткуп обвинителството смета дека се исполнети условите од чл.38-б од КЗ и му предлага на судот да им изрече и казна -Забрана за вршење на професија, дејност или должност со што на лицата ќе им биде забрането вршење на должност на службено лице во орган на државната управа односно министерство, друг орган на државна управа како самостоен орган на државна управа или органи во состав на министерствата или управна организација како и во други државни органи.

Предметниот обвинител до судот достави и предлог за одземање на имотната корист прибавена со кривичното дело, а пронајдена при извршените претреси и тоа: 51885 евра, 663.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 530 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.

Воедно, заради непречено водење на постапката заедно со обвинителниот акт е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор против шест лица заради неизменети околности врз основа на кои мерката е претходно определена.

Истражната постапка е отворена во октомври минатата година кога беше спроведена полициска акција под кодно име Премин поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат. Не правејќи пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа и увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Притоа примениот поткуп го делеле меѓу себе.

За две лица постапката е запрена.

Previous Post

Апсење низ Скопје причината е дрога

Next Post

Кривична за госпоѓа, дома чувала пушка

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Кривична за госпоѓа, дома чувала пушка

Recommended

Жан Митрев: “Јас не сум доктор, јас сум лидер”

Жан Митрев: “Јас не сум доктор, јас сум лидер”

5 years ago
Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.