На 7 јануари 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Ј. (40) од село Подареш, кој се сомничи за извршување на четири кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш. Кражбите биле извршени во викенд-куќи и помошен објект.
Според информациите, при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Пронајдените предмети се одземени и ќе бидат вратени на нивните сопственици.
С.Ј. бил задржан во полициската станица Радовиш. За случајот бил информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по завршување на истрагата и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






