Фалсификувала белгиски пасош и онлајн билет за лет до Истанбул кои ги приложила за излез од Македонија. Триесет и двегодишна турска државјанка, вчера околу 14:20 часот, била лишена од слобода од полициски службеници на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“.
Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка и расветлување на случајот.






