Во честиката од Сиљановска-Давкова се вели дека Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
Да ги отвориме и на овој божиќен ден срцата за сите луѓе, да се обидеме да ја разбереме сечија потреба за среќа, да придонесеме за општествената благосостојба, пишува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод христијанскиот празник Божиќ.
Во честиката од Сиљановска-Давкова упатена до верниците, како и до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев, се вели дека Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста.
Сиљановска-Давкова во честитката упатува и повик до верниците да ги посетат божјите храмови „за да ја засилиме личната и националната духовност“.







