Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја изрази својата чест и гордост што заедно со премиерот Христијан Мицкоски и нивните семејства беа дел од овогодинешните Бадникови поворки.

„Ова е најголемата радост за нас, православните христијани,“ истакна Ѓорѓиевски, опишувајќи ја убавината на традицијата во која малите ангелчиња од Скопје со пеење ја најавија радосната вест за раѓањето на Исус Христос.
Како што налага вековната традиција, организаторите ги даруваа дечињата со коледарски пакетчиња, пренесувајќи ја радоста и духот на заедништвото.

„Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности,“ истакна тој, додавајќи дека одбележувањето на овој Бадник е едно од највеличествените во регионот.

Ѓорѓиевски ја потенцираше важноста на сплотеноста на народот во овие радосни денови, изразувајќи желба ваквото единство и добри мисли да траат во текот на целата година.

„Благодарност до сите што придонесоа за овој прекрасен ден и што ја чувате традицијата,“ порача градоначалникот, честитајќи им на сите православни верници празникот.

Честит Бадник!







